Продолжува соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и НГИ „Коалиција на Египќаните“
Денес, во седиштето на ВМРО ДПМНЕ во Скопје, се реализира средба помеѓу лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на НГИ „Коалиција на Египќаните“, Демир Далип.
На средбата се разговарало за процесот на интеграција на Египќаните како посебна етничка заедница, за рамнправен статус во општетвото, за стипендии за учениците и студентите Египќани, за поквалитетен живот. На истиот состанок, е продолжена соработката помегу ВМРО-ДПМНЕ и НГИ „Коалиција на Египќаните“.
„НГИ „Коалиција на Египќаните“ која своите почетоци ги има уште од далечната 1998 година, нема сомневање дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ќе биде победник на овие избори, а иден Премиер ќе биде Христијан Мицкоски, избор, од кој полза ќе имаат сите граѓани на Македонија.“ – вели Далип.