Продолжува соработката со УСАИД
Министерот за култура Асаф Адеми оствари средба со претставници на УСАИД-Македонија, на која беше договорено да се продолжи со активностите по потпишаното писмо за стратешка соработка со Проектот за граѓанско учество на УСАИД …
На средбата се разговараше за следните активности во соработка со Проектот за граѓанско учество на УСАИД со кои ќе се работи на унапредување на независниот сектор во културата, културното претприемаштво и на активностите што би се преземале за обезбедување на рамноправен развој на културата низ целата земја.