25/11/2024
Охрид

Продолжуваат активностите за дезинфекција на јавните површини

Екипите  на ЈП „Охридски Комуналец“  денеска продолжија со вонредните превентивни активности за дезинфекција на јавните површини на подрачјето на Општина Охрид.

Согласно препораките за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19 со средство за дезинфекција беше извршено комплетно чистење на Детските игралишта

  • Населба „Видобишта“
  • Улица „Сатеска“
  • Улица „Пере Тошев“
  • Улица „Крали Марко“
  • Булевар „Туристичка“ (наспроти Окта)
  • Населба „Христо Узунов“
  • Населба „Гоце Делчев“
  • Населба „Расадник“
  • „Холандски парк“
  • Патеката кон Парк

Исто така во текот на денешниот ден беше извршена дезинфекција на

  •  Отворените фитнес зони
  •  Скејт паркот

Во рамки на акцијата за дезинфекција беа опфатени и

  • Јавните површини во комплексот на објектите на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид.
  • Јавните површини во комплексот на станбени згради во населбата „Расадник“.
  • Јавните површини кои ги користат
  • ЈП „Водовод“, ЈП „Нискоградба“, ЈП „Градски гробишта“ и ЈП „Билјанини извори“.

Од претпријатието најавуваат дека во текот на денешниот ден ќе бидат спроведени и активности за дезинфекција на јавните површини во селата Косел, Сирула, Ливоишта и Куратица.

Дел од екипите на претпријатието со соодветна механизација, ќе бидат ангажирани и за помош на акцијата за дезинфекција на подрачјето на Општина Дебрца.