Проект за почиста и поздрава животна средина
За почиста и поздрава животна средина и обезбедување дополнителни приходи, ЈП „Охридски Комуналец“ постави садови за селекција на отпад. Во зградата на општина Охрид се поставени по шест садови за селекција на пластика и хартија, а на различни локации во градов се поставени 14 за пластика и 40 садови за хартија.
Изминатата година ЈП „Охридски Комуналец“ подигна 172.66 тони хартија и 3.11 тони пластика. Во 2018 година заклучно со месец септември подигнати се 36.17 тони хартија и 0.33 тони пластика.