06/10/2024
МакедонијаПисма/Колумни

Проф. Садикарио: Земјата Балансерида, а сега Инферноида

На Господа му фала и во наше и во име на Албанците и сите кои во Господа веруваат што се отарасивме од балансерскиот империјализам. Дали?? Балансерот беше донесен со убава намера – праведност во дистрибуцијата на кадровската застапеност, т.е. да не стане кадровизмот унитарна привилегија. Пеколот е градина на добри намери – знаете. Балансерот наместо „етностат“ стана етноексплозив“. Во Титоизмот (не го нарекувам „комунизам“, бидејќи тоа и не беше) имаше сличен поим – „по клуч“. Тоа беше „смотано, „југо-мангупски, „шибицерски“ но функционираше. Нашиов балансеризам се претвори во партиски империјализам. Партија е парфем за медиокритети. Партија е измама а приори. Потоа, намерно се декларираа за „Албанци“, „Македонци“ или „Власи“ за да влезат во комбинации (вработување, политика, привилегии, хонорари, посебни работни места итн). Професионални захтеви се заменија со „етнички“, што стана трагична комедија. Така добивме цунами од политичари, политико-штумбанфирери, гаулајтери, најмногу од ДУИа и други формации, па пикнаа – медицински сестри кои не знаат што е инекција, аеродромски контролори кои можат да срушат авиони, политичари кои ни се измотаваат (со канцелариски фудбализам, понижувачки-бајрактизам, псевдомолитвени“ квазитеатаризми, немедицински директори на клиники, малтретирачи кои беа машини за вработување на партисти, учкисти, чизмофиличари, нарочно не зборуваат македонски, или пак фирери што зборат македонски, инфузии на етнички отрови на омраза – велемајстори за изнаоѓање на закачки, до степен на фашизоспремност, а Европската Унија – си ќути, ќути, ќути и ќути и „милно ги милува“. Само Господ знае колку животи и пари се отидени заради оваа глупост. Навистина, во комунизмот постоеја дискриминации – кон Албанци, па и Турци, Роми, можеби и некој Бугарин, а во Бугарија – кон муслимани, Роми итн. Желбата таа неправда да се поправи е чесна, но дегенерацијата е деструктивна и патолошка. Брате мили – кој ја спроведува? – Криминалци и мафија! – Се разбира медиумите и политичарите „нежно цимолкаат“, а не смеат ни да писнат ни да вриснат ни да кивнат пред моќта на наркофашизмот. А кој плаќа? Најголемите криминалци не се на црни листи – си ги „чистат кондурите“ од нас и странскиот фактор. Да се разбереме – мафиите и кај нас и во светот се ескстремно моќни и опасни. Се сеќавате на Кенедиевци, јунаци од моето детинство – велеа дека ќе ги ликвидираат мафиите! Каде се? А таму има мафии, но нема балансери. Кај нас е гнас – имате ли дете што се дрогира? Знаете ли колку ги има? Во секој клас најмалку еден. Во САД секој трет „шмрка“ (CNN). Пропаст за родителот и пропаст за сите. А што има тоа врска со балансери? –Сте виделе ли уапсен „балансиран“ крими-политичар или воен злосторник? Колку? Мафиите се глобални империи за кои ќе зборуваме друг пат. Мафи-балансирани кај нас се медицината, фармакологијата, наркоманијата, нарко-терапијата, земјоделието, трговијата, политиката, градежништвото, правосудството, полицијата, разузнавањето, комарот, спортот, културата, улична и не-улична проституција и сегде каде се вртат пари. Запомнете – без држава и полиција, нема мафија! Балансер е државна алатка за мафиизирање. Пари и партии се афродизијак за криминалците. Емпириски знаеме дека од мафијата зависи кои лекови ќе се користат, кои политичари ќе бидат назначени (по список), кои доктори, кои директори, кои функционери во полиција, која храна ќе се увезува, кое млеко, кои цени, која нафта и гас, која фирма ќе работи патишта, градежниптво, хидроцентрали, термоцентрали, болници, кои земјоделски производи ќе се садат кај нас, а кои ќе се увезуваат (од Косово, Албанија, Србија, Турција, Украина, Јужна Америка ….), демек „заборавивме“ како се сади жито, сончоглед, патлиџан, грав….. Имам Албанци пријатели кои не се во партија и нив животот им е во опасност, пекол, никој не ги брани и си одат од Македонија. Со „лустрација“ таквите се десеткувани, заедно со нивните фамилии. Арачиново е Еквадор и Авганистан заедно. Кондово е бетер од Јеменска енклава. Командаат со Дубаи, Катар и места во Африка. Од нашата мафија се тресат во светот. Кокаино-дилерството 100% и хероинот 1/3 (ФБИ), го држат во Лондон, Њујорк и Мексико, а апсолутно командаат со пристаништа како Ротердам, Марсеј, Антверпен, Наполи итн. Се миксаат со Кинези (тријади), Виетнамци, Турци и Арапи. Балансеризмот е субординација на мафијата и не беше во корист на Албанците, а уште помалку за другите етникуми и ентитети…. партиите се само инсталација на мобстер-мрежата, со некаков квази-ДУИзам, квази-Куртизам, псеудоетнизам, псеудохуманизам, агентури, Казабланкизам, но и други изми. Чесни Албанци кои не соработуваа беа прогонувани, а за тоа ниеден медиум или институција не реагираше – писни ако можеш. Слобода? Ха-ха-хаааа. Нигде во светот не постојат балансерократизми. Балансер на некој начин беа „Нирнбершките“ закони од 1936 година, кога само „Ариевец“ ги има привилегиите (да биде политичар, да работи државна работа, да има бизниси, да управува, да биде во SS, NSDAP, Gestapo, Wermacht итн). Балансер е закон и оваа де-балансеризација е напредок. А може и илузија – ај-ај-ај! Можен ли е законски „Курто-Мурто“? Сепак да нагласам: тоа сега не смее да биде ни реактивна офанзива, т.е. Албанците и другите да бидат „заборавена“ популација, бидејќи сигурно е дека негде ќе се јават неправди, како што впрочем ги имаше во бившите „комунистички“ држави. Постојат и други „вулнерабилни групи“ кои апсолутно се „дебалансирани“ – хендикепирани лица, тешко болни, жени, трудници, деца, старци, невработени и пензионери. Значи – ќе мора да има контролни механизми – само ве молам не „комисии“, како што велеше Наполеон – „ако сакаш работата да не биде завршена, направи комисија“. Мислам дека треба да се создаде специјална институција со извршна моќ која ќе може да контролира-прекине-промени-санкционира одлуки каде се користи „балансер“ или „псеудо-балансирање“, наместо стручност и адекватност. Може да биде екстензија на Антикорупциската комисија. Имате ли друга идеја? Инсистирам – на доктор, војник, пилот, полицаец, воспитувач – да им се забрани да бидат политичари и партијаши! Само да набацам дека во светот постои голем проблем од „џихадисти“ и екстремисти доселени како работни групи – екстремно голем број и „го балансираат“ светот. Тие „балансираат“ преку сила и т.н. протести. Полицијата секој ден има судири со таквите – во Германија, Франција, Италија, Белгија и други, а во Америка „ги окупираат универзитетите“ (невидено до сега). Од разузнавачки експерти дознавам дека се спремаат за права „инвазија“ од Канада надолу. Пред неколку години десничари од Холандија и Белгија велеа дека во Брисел 50% од населението се „џихадисти“. Балканот има 16 илјади вооружени лица и дузини бази за самоубици. Балансерите им се браќа. Ќе се отарасиме? – Ај да видиме. Секако, ние сме светски таленти да извитопериме закони, мерки, агенции и влади. – од балансер – бетер! 

За уставот јас повеќе пати сум кажал дека сум подржувач на т.н. „граѓански устав“. Кај нас, планина од етникуми е расадник за балансери, а е наследство од Југославија 1974 година од Најдан Пашиќ и Глигоров. Сегашната верзија на Фрчковски-Поповски е „Ресава“, копија, “„банда во обланда“ – преамбуларна турлитава, алгоритам за деконструкција, „џокер за покер“ и заробена агонија. „Деконструкција не е измешаност, туку тензија“ (Дерида). Плаче за агентури и авантури. Етнички партии се “meretrix insana” (луда проститутка), наша измишљотина. Ги има во Турција (Курди – опааа) и Израел (арапски – опапаа)…. а да не има некоја еврејска партија во арапските земји пријателки – хахахаааа. Значи – треба буквално да препишеме некој друг граѓански устав. Имаме избор – уставот на САД, Франција или Хрватска. Хрватскиот е изненадувачки добар, но ете не го прифаќа албанската политичка групација. Кој рековте не прифаќа? – Господ? Сме си го пикнале браќа сребрениот куршум. Затоа го предлагам американскиот устав. Нели ние сме стратешки партнер со САД и уставото-партнерството не би го одбиле ниту Македонците, ниту Албанците, ниту Србите, ниту Власите итн итн. Тој има длабоки историски корени (Француска револуција, Русо, масонски устав, Grand Lodge 1776, Carta Magna….). Тогаш – сите сме една нација, а етникум и вера  бидете што сакате. Во САД сега (2020 год.) има околу 1500 етнички групи, 6 раси и 75 Индијанци. Официјален јазик е само англискиот, а има 350 зборувани јазици (2015 год.). Значи нашите етнофили се паметни а во САД се глупи. А кога одат во странство сите се „ситнат“, „на леб се мачкаат“, експресно се трудат тамошниот јазик да го научат, а сопствениот го запоставуваат и следните генерации го забораваат („сервилноста е како да е спас“ – Делез). А овде „џигерот и бубрезите си ги вадиме“ заради јазик, знаме и ….. тинтири-минтири-тра-ла-ла… Знаете зошто? – Затоа што сме лицемеришта – да-да – гига-лицемеришта, етносмрад спрема себеси и спрема државата која лебот ни го дава. Што-што?? Каков е лебот овде?? Неарен леб? Срам да ви е! Па одете во Африка, Индија или во „братскте“ Пакистан и Бангладеш, или кај ИЗИС, или кај саканиот ваш Хамас, Соломонските острови или пак во Арабската пустина….душа ви се нели?.

Збеснати сме драги пријатели. Ние сме една збеснотија, како бесно животно, хормонски болви, метафизички бес – “amentia rabia”. Соберете се – оти огин ве чека – огин, огин, да – огин! Погледајте го Либан, погледајте ги Украина, Курск – ќе експлодираат. Овде доаѓа огин, да да паметни интелектуалци и агенти – огин! И џихадот ви доаѓа! Ги гледата ли историските емисии на ТВ Едо и МТВ? Како Грците и „западните пријатели“ ги спржија нашите браќа и сестри? Ама пржеа и други – Албанци, Турци, Власитоа никој не го кажува. Евреите во печки, разбира се. А „источните сакани пријатели“? – се потепаа и скршија за да ни помогнат. Како велеше Нимолер?…„ме зедоа, а немаше никој за да помогне.“ – тоа ве чека драги мудраковци. Има неколку Тројански коњи на Балканот – источни, западни, азиски, комунистички, фашистички, сатанистички, „црните пари“ и. балансерите. Ве молам-ве молам-ве колнам…. врзумете се, етнозбудалени и грабоумни – ѓаволот е овде, под вас, во вас. зад вас, во постелата на вашите деца и најмили.

Самуел Колономос Садикарио, стар пензионер

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност