Програма за чествување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката
2 Август, Илинден, Ден на Републиката
Одбележуваме 118 години од Крушевската Република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ.
Утре, на 2 Август, Денот на Републиката – Илинден, во Крушево, Претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на панихида во храмот Св.Никола, во 10.20 часот, по што ќе следува полагање на свежо цвеќе на гробот на Никола Карев и празнична програма пред споменичниот комплекс Македониум. Следува полагање на свежо цвеќе на споменикот на хероите на Слива.
Централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август – Денот на Републиката ќе започне во 18:00 часот на Мечкин Камен со поздрав на Армијата на Република Северна Македонија, поздрав на илинденската коњаница проследена со костимирана придружба и полагање на цвеќе и венци на споменикот на Мечкин Камен, по што ќе следува празничната културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена:
– Изведба на државната химна од оперската првенка Весна Ѓиновска-Илкова
– Пригодна реч со пораки за Илинден од Никола Ристановски
– Настап на Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“
– Настап на Ансамблот на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија
– Настап на Влатко Стефановски
– Настап на воениот оркестар на Армијата.
Ве покануваме утре во Крушево сите заедно да го чествуваме големиот Илинден.