Производителите и увозниците на алкохолните пијалоци се запознаа со новитетите од предлог Законот за акцизи
На средбата компаниите се запознаа со одредбите кои се предлагаат со новиот Предлог Закон за акцизи: плаќањето на акцизата со поднесување на акцизна декларација по пуштање во промет и новиот начин на управување со акцизните марки, роковите за постапување, како и со промените кои ќе настанат со воведувањето на новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи. Претставниците на компаниите покажаа голем интерес за новините кои се предвидуваат со Предлог Законот, како и за поедноставувањето и забрзувањето на акцизните постапки со примената на новиот систем. Предлозите дадени од нивна страна ќе бидат разгледани во насока на нивно имплементирање во Предлог Законот или во подзаконските акти кои ќе произлезат.
Царинската управа и понатаму ќе продолжи да одржува средби со претставници на компаниите кои работат со акцизни добра со цел да ги запознае со новиот Предлог Закон за акцизите и да ги усогласи предложените одредби со предлозите и размислувањата на деловната заедница, после што истиот ќе биде објавен во Единствениот електронски национален регистар на прописи (Портал ЕНЕР) за запознавање на јавноста.