23/11/2024
Охрид

Промени во режимот на сообраќај поради реконструкција на кружниот тек кај Општата болница

Поради извршување градежни работи на кружниот тек кај Општата болница, се известуваат сите превозници кои вршат општински линиски превоз на патници и сите патници, дека автобуската постојка на ул. „Јане Сандански“ пред маркетот „ Марлборо“ времено се дислоцира. Целиот превоз на патници ќе се пренасочи преку автобуската постојка кај Општата болница од 11.04.2019 година па во наредните 10 дена.

Воедно се известуваат сите учесници во сообраќајот дека во наредните 10 дена, почнувајќи од 11.04.2019 година од крстосница на ул.„ Јане Сандански“ со ул. „ Карпош Војвода“ до кружна крстосница кај Општата болница гледано во насока кон кружната крстосница, сообраќајот целосно ќе биде затворен и пренасочен преку ул. „ Карпош Војвода“ и ул. „ Даме Груев“.

Исто така им се соопштува на патнците кои го користат општинскиот линиски превоз на линија Охрид – Ливоишта – Охрид дека поаѓањето кое моментално е во 9.00 ч до с. Косел, дека истото поаѓање сега ќе биде до с. Вапила и с. Ливоишта.

Се молат сите учесници во сообраќајот да го прилагодат движењето согласно новонастанатата ситуација со цел непречено одвивање на градежните активности и безбедно одвивање на сообраќајот.