Промоција на „Црногорски шеги“ од академик Миќуновиќ
Утре,( среда) во 12 часот во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе биде промовирана најновата книга од академик Миле Миќуновиќ„Црногорски шеги“.
Книгата „Црногорски шеги“ е збир од шеги или вистини, кој знае за Црногорците кои нашироко се раскажуваат со децении. Но, дали е се’ така како што изгледа на прв поглед.
Академик Миќуновиќ во предговорот на книгата ќе напише: – Шегата и хуморот се една од најубавите работи на светот. Тоа е нешто што ни ја разгалува душата и ни предизвикува насмевка на лицето, ни го разубавува животот и ни овозможува сите тешкотии полесно да ги поднесуваме. Тоа се работи што се најдобар лек за нашата душа и нашето здравје. Затоа уживајте и смејте се што повеќе можете, зошто смеењето е здравје. Се плашам за секоја нација која нема виц за себе!, додава академик д-р Миле Миќуновиќ
Промотор на 98 издание на академик Миќуновиќ ќе биде м-р Милчо Јованоски,а промоцијата ќе се одржи во „Прличевата одаја“ на охридската библиотека.