22/11/2024
Македонија

Промоција на дигиталното творештво на Бранко Гапо во Кинотеката

Утре напладне, во Кинотека на Македонија ќе се одржи специјална презентација и промоција на дигитализираниот филмски опус и ДВД – изданието на Бранко Гапо …

Со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, презентацијата на дигитално реставрираното творештво на филмскиот опус на Бранко Гапо, како културно наследство заштитено ex lege, се реализира во рамките на годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележувањето на Европската година на културното наследство 2018.

Целта на овој настан е да се промовираат процесите на дигитална реставрација на аудиовизуелното наследство на Република Македонија, како и претставување на улогата на Управата за заштита на културното наследство во заштитата на аудиовизуелното наследство.