Промоција на монографијата „Марков манастир – Св. Димитриј, внатрешниот духовен живот“
Во свечената сала на Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, утревечер (13 февруари), со почеток од 19 часот ќе биде промовирана монографијата „Марков манастир – Св. Димитриј, внатрешниот духовен живот“, во авторство на игуманијата Илијана…
Монографијата, која е во издание на издавачката куќа „ПНВ Публикации“, се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Промотори на монографијата ќе бидат проф. д-р Елизабета Димитрова и проф. д-р Јован Белчовски.
Монографијата „Марков манастир – Св. Димитриј, внатрешниот духовен живот“ е труд кој е посветен на различни аспекти од вековното опстојување на манастирот. Во изданието се опфатени различните димензии кои ја даваат пошироката слика на манастирот, тргнувајќи од историско-културниот аспект, па сѐ до естетската димензија и духовно-монашкиот елемент низ вековите па сѐ до денес.
Во музичкиот дел ќе настапат Михаило и Момчило Куфојанакис со Милан Јанкуловски.