26/11/2024
Охрид

Промовиран Проектот „Брендирање на туристичките водичи на градот Охрид“

Со мала церемонијалност, денес пред инфо центарот, беше промовиран проектот „Брендирање на туристичките водичи на градот Охрид“. Претседателот на Здружението на туристичките водичи и придружници (ЗТВП) „Кеј Охрид“, Климент Наумов истакна дека со денешната свеченост конечно се става во полна функција инфо центарот, кој од едно место ќе ги пружи сите релеванти информации за туристичките производи и услуги во Охрид. Воедно се изврши ребрендирање на здружението и сите водичи добија унфицирани маички и чадори со грбот на Општина Охрид, УНЕСКО и здружението.

Раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов, истакна дека ова е дел од годишната програма на Општина Охрид, а ставањето во функција на инфо центарот е по јавниот повик, а ќе го користи за период од една година здружението „Експлорер“. Со договорот се предвидува користење да биде за некомерцијални цели, а при тоа туристите на едно место да имаат целосна информација за туристичките производи и услуги и промоција на позначајните настани во Охрид.

Претседателот на здружението „Експлорер“ Димитри Димитров, рече дека тие нивните активности ќе бидат сконцентрирани на активни тури за туристите, како се повеќе посакувани форми во туристичката понуда и промоција на вредностите на Националниот парк Галичица.