Промовирана новата мерка за субвенција за купување нов велосипед во општина Дебрца
“Живеј здраво – вози точак”
Воведуваме нова мерка – поддршка на рекреативниот спорт со доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година.
Секој граѓанин кој ќе купи нов велосипед ќе добие поединечна субвенција, во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари.
Условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општината за субвенционирање на физички лица за купен велосипед ќе се утврдат во јавниот повик, кој ќе биде транспарентно објавен.
mens sana in corpore sano – во здраво тело здрав дух! – напиша на својата Facebook страна градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески.