24/11/2024
Македонија

Промовирана поштенска марка „2023 – Претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ“

По повод претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ и претстојниот Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, генералниот директор, м-р Бујаре Абази и министерот за надворешни работи Бујар Османи ја промовираа поштенската марка „2023 – Претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ“.

„Подадената рака, хуманоста и заштитата на луѓето не познава граници и треба да биде во фокус на нашата работа. Преку поштенската марка не само што се претставува земјата, туку се испраќа и силна порака, истакна Абази.

Автор на марката е Александар Јосифовски, испечатена е во тираж од 2000 примероци, а номиналната вредност е 100 ден.


WebOhrid / 21.11.2023 / АД Пошта на Северна Македонија