Прoмовирани најновите две дела на Вера Самарјанин
Пред три дена, во петокот на 18 октомври во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржи средба со писателката и хуманист Вера М. Самарјанин од Битола.
Модераторот Мирко Томовски ги промовира нејзините најнови книги: „Без спокој“ и „Неспокој“ а извадоци од книгите читаше Маја Мојсова.
Од пред една година хуманистката и писателка Вера М. Самарјанин е почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
Самарјанин има издадено свои 57 ( наслови ) книги. Досега уредила седумдесеттина книги од група автори. Само од првите 7 прозни дела имам подарено 7.000 книги, а се вкупно до денес има подарено над 20.000 книги.
Сите нејзини книги, се самофинансирани и се донирани по градинките, училиштата и домовите за стари лица низ Р.Македонија.
Вера и овој пат донираше книги од двете најнови изданија во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид , како ина сите присутни на промоцијата.
Настанот со своето присуство го збогатија ученици од осмо одделение од ПУ „Григор Прличев“ од Охрид, како и младата Ѕвездана Дуцкиновиќ од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид која на гитара изведе две композиции.
Вера М. Самарјанин е една од најпознатите хуманисти на овие простори. Таа за својата активност на ова поле од раните деведесетти до сега има добиено многу награди и признанија од Македонија и пошироко од Балканот. Живее на релацијата Битола – Италија.