26/11/2024
Македонија

Пронајден хашиш и приведен дилер во липковско

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 01.09.2020 на локален пат во атар на с.Никуштак, општина Липково, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот при што пронашле и одзеле наркотична дрога хашиш со нето тежина од 306 грама. По спроведена постапка пред Основен суд Куманово, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Кшање.