Пронајдена дрога кај охриѓанец на ул. „Марко Нестороски“
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(25) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 24.04.2020 при контрола и извршен преглед, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, полициските службеници кај него пронашле и одзеле хероин.