Пронајдена дрога кај охриѓани
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(43) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 01.02.2019 на паркинг простор на ул.„АСНОМ“ во Охрид, при преглед во неговото патничко возило, како и при извршен претрес во неговиот дом, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.