Пронајдена дрога кај жител од Долно Лакочереј
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(34) од охридското село Долно Лакочереј, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.
При претрес извршен во неговиот дом во селото, полициските службеници пронашле марихуана.