Пронајдена дрога при извршен преглед на мопед во Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.М.(43) од Охрид.
При извршен преглед во мопед што тој го управувал на улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициските службеници, под седиштето пронајдоа една најлонска кеса со опојна дрога марихуана. Истата е одземена и испратена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.