26/11/2024
ДебрцаОхрид

Пронајдена дрога во возило на жител од Горенци

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Б.(24) од селото Горенци, општина Дебрца.

При контрола на патничко возило на бул.„Туристичка“ во Охрид, со кое пријавениот се превезувал, кај него, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.