22/11/2024
Охрид

Пронајдена и одземена дрога кај охриѓанец

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.И.(19) од Охрид, за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

На 27.12.2017 година во Охрид од страна на полициски службеници, при преглед над пријавениот, а истот така и при претрес во неговиот дом пронајдени и одземени се 353,8 грама марихуана.