Пронајдена и отстранета граната во атарот на с.Лагово, Прилеп
Денес (22.06.2019) во 10:15 часот, од страна на пиротехничар од Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување беше подигната артилериска граната со калибар 75мм од Првата светска војна.
Гранатата беше пронајдена во атарот на с.Лагово, општина Прилеп.
Истата е безбедно пренесена на локација во Битола.