23/11/2024
Македонија

Пронајдени 185 килограми марихуана

На 27.11.2018 година, во време од 19,40 часот до 21,30 часот, во викенд куќа на место викано „Суви Лаки“, атар на општина Берово, сопственост на лицето: М.П (63) од Струмица, а која ја користи и неговиот син М.П.(21) од Струмица, врз основа на Наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд – Берово, извршен е претрес на дом и помошни простории – при што во помошна просторија (остава-шупа), пронајдена е марихуана спакувана во 18 полиетиленски кеси со маса од околку 185 кг.

По преземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана. Лицето М.П (21) од Струмица е лишено од слобода и задржано во СВР Струмица.

СВР Струмица работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.