Пронајдени автоматски пушки, пиштоли и хероин
Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција во координација со СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога синоќа и денеска со наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1, презеде мерки и активности на локација на ул . Алпи во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје, меѓу кои три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, кое потекнува од кривично дело тешка кражба од продавницата за оружје. При пребарување на теренот, во специјално направен бункер пронајдено е околу 2.5 кг хероин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.