Пронајдени детонаторски каписли кај жител од Опеница
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(59) село Опеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
При извршен претрес, во домот и помошните простории кај пријавениот пронајдени се 70 детонаторски каписли.