08/09/2024
Охрид

Пронајдени две починати лица кои со возило паднале во провалија покрај патот Охрид-Отешево

На 17.06.2024 околу 13:00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22:00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.


WebOhrid / 18.06.2024 / СВР Охрид