02/12/2024
ОхридСтруга

Пронајдени и одземени 12 рибарски мрежи на потегот од Охрид до Радожда

На 28/29.11.2024 година, полициските службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, самостојно но и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контролни патролни активности по Законот за рибарство и аквакултура.

Притоа, на потегот од градското пристаниште во Охрид, до струшкото село Радожда, пронајдоа и одзедоа 12 рибарски мрежи во должина од 150 метри, 64 парчиња уловена разновидна риба и друг риболовен алат и прибор.

Контролните активности на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, ќе бидат интензивирани со цел, фаќање на лица кои вршат кривично дело „незаконит риболов“, но и за заштита на државната граница.


WebOhrid / 30.11.2024 / СВР Охрид