09/02/2025
Охрид

Пронајдени и одземени 15 рибарски мрежи на потегот Пештани – Радожда

Во периодот од 13 до 15 декември 2024 година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, самостојно и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контроли по Законот за рибарство и аква култура.

Притоа, на потегот Пештани – Радожда, припадниците на Езерската полиција, пронајдоа и одзедоа 15 рибарски мрежи во должина од над 200 метри, 50 парчиња уловена разновидна риба во вкупна тежина од околу девет килограми. како и друг риболовен алат и прибор.

Контролните активности на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ ќе бидат интензивирани со цел, фаќање на лица кои вршат кривично дело „незаконит риболов“, но и за заштита на државната граница.


WebOhrid / 16.12.2024 / СВР Охрид