15/11/2024
Струга

Пронајдени и одземени три рибарски мрежи со улов од белвица помеѓу Струга и Калишта

Hа 10.11.2024 година, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, реализираа мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура. Притоа, на околу 2 километри од брегот на струшкото крајбрежје помеѓу Струга и селото Калишта, пронајдоа и одзедоа три рибарски мрежи со должина од по сто метри и улов од 56 парчиња риба Охридска белвица како и друг риболовен алат.

При преземените контроли, полициските службеници, во водите на езерото, затекнале 2 лица, од Струга и Радожда, кои,  управувале пловен објект без пловидбена дозвола поради што, ќе им бидат поднесени соодветни пријави.


WebOhrid / 11.11.2024 / СВР Охрид