Пронајдени повеќе рибарски мрежи и уловена риба во водите на Охридско Езеро
Во периодот од 21.00 часот на 15.05.2020 до 04.00 часот на 16.05.2020, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, во водите на Охридското езеро, на околу 200 метри од брегот на езерото, спроти хотел „Метропол“, на околу 20 метри од брегот на езерото, спроти АК„Извиднички“ и на околу 10 метри од брегот на езерото, спроти плажа „Версус“, пронашле повеќе рибарски мрежи и уловена риба. Риболовниот алат и рибата биле подигнати од водите на езерото и биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.