Пронајдени рибарски мрежи на 30 метри од брег на плажа во Струга
Во периодот од 21.00 часот на 24.05 до 02.00 часот на 25.05.2021, полициски службеници од СВР Охрид при вршење редовна контрола, на 30 метри од брег на плажа во Струга пронашле рибарски мрежи со улов на риба. Риболовниот алат и рибата биле подигнати и однесени во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Се работи на расчистување на случајот.