Пронајдено починато лице во хотелска соба во Охрид
Денес (22.05.2022) околу 09:00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во соба од хотел во Охрид, пронајдено е починато лице, без траги на насилство.
Од извршениот увид констатирано е дека се работи за Р.Т.(64) од Косовска Митровица, чија смрт е потврдена од лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
WebOhrid / 22.05.2022 / СВР Охрид