Пронајдено починато лице во куќа во Климештани
На 17.01.2020 година околу 10 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во куќа во селото Климештани, општина Дебрца, пронајден е починат С.Б.(59) од истото село.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош, констатирани се повреди во пределот на главата.
Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи, а по наредба, врз телото денеска ќе биде извршена обдукција.
СВР Охрид презема мерки за расветлување на настанот.