Проширен терминот на Саемот на книги во библиотеката во Охрид
Од утре Саемот на книгата во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид по барање на читателите во проширен термин.
Граѓаните ќе можат да го посетат и да купат книга во времето од 10 до 18 часот.
На продажба се дела од капиталните едиции: „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ како и изданија од едицијата „130 тома македонска книжевност“.