Прослава со Елена Велеска и Мирко Врето со тајфата за празникот Св.Недела во истоимената црква во Долно Коњско
По повод празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела, на 19ти јули (петок), во црквата Св.Недела, Долно Коњско, Охрид Црковниот одбор од с.Коњско организира прослава збогатена со музика. Годинава присутните ќе ги забавуваат Елена Велеска и Мирко Врето со тајфата. Забавата е со почеток во 20:30 часот.
Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско
Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на директорката Завод и Музеј Охрид, Тања Бунташеска Паскали, а се изгради со донациите на локалните жители, како и жителите од пошироката околија.
Инаку, црквата „Света Недела“, беше осветена на 13-ти јули 2014 година, на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли – Павловден.
WebOhrid