Проштална средба на МНР Димитров со полскиот амбасадор Мултановски
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес оствари проштална средба со амбасадорот на Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.
Министерот Димитров изрази благодарност за успешниот професионален и личен ангажман на амбасадорот Мултановски во продлабочувањето на севкупните односи помеѓу двете земји, како и силната поддршка на Полска за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, притоа посакувајќи му успех во неговите идни професионални активности.
Заблагодарувајќи се за добрата и пријателска соработка, амбасадорот Мултановски нагласи дека и по неговото заминување, останува силниот интерес за натамошно интензивирање на соработката во сферата на економијата, образованието, културата и туризмот помеѓу Република Полска и Република Македонија.