Проштална средба на МНР Димитров со шефот на Мисијата на ОБСЕ
Денеска, Министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше проштална средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен.
Министерот Димитров изрази задоволство од соработката на Република Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа и посебно со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Искажа благодарност за активностите на Мисијата, како и значајната улога и ангажманот на амбасадорката Суомалаинен во изминатиот три годишен период. Министерот Димитров ја повтори подготвеноста на Македонија да продолжи со ваквата соработка во наредниот период, особено во областите кои се комплементарни на европскиот и евро- атланскиот интегративен процес на земјата.
Шефот на Мисијата на ОБСЕ се заблагодари на поддршката и отворената соработка со сите македонски институции за време на нејзиниот мандат, во исклучително значајни моменти за Македонија.