26/11/2024
Македонија

Протест „Ние сме Македонија“ на повеќе локации во светот

Непартиското движење #НиеСмеМакедонија организира светски протест на повеќе локации низ светот кои истовремено со Македонците во Македонија ќе го кренат својот глас за заштита на името, идентитетот и јазикот. 

Протестот под мотото „Ние сме Македонија“ денес се одржа во Малме – Шведска и во Вашингтон – САД, а утре ќе се одржи и во другите градови низ светот. Протестот во Македонија е најавен за утре (04.03.2018) со почеток во 13:00 часот, на Плоштадот Македонија во Скопје.

Целта на овој протест е да се крене гласот за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата.