Протест против изградба на регионална депонија во Дебрца
Во атарот на село Ботун, во недела (22ри април), со почеток во 11:55 часот, жителите на Дебрца, ќе одржат протест против изградба на регионална депонија во Општина Дебрца.
„За мојата Дебрца и за цела моја Македонија и јас се придружувам на еко револуцијата на 22 ри април Светскиот ден на Планетата Земја“ напиша на ФБ, градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.