Протест против отворање на Здружението на граѓани „Цар Борис III“ во Охрид
Денес во Охрид се одржа протест против отворањето на Здружението на граѓани „Цар Борис III“. Голем број граѓани се собраа на протест пред седиштето на Здружението во ТЦ „Амам“ во Охрид, да го искажат својот револт и незадоволство од отворањето на вакво бугарско Здружение во Охрид.
Иако на моменти состојбата беше тензична, сепак полициското обезбедување успеа да ја задржи целата ситуација под контрола, особено откако раководството на Здружението беше нападнато со јајца од страна на револтирани граѓани, кои беа излезени со знамиња и пароли.
Инаку, протестот беше организиран од страна на партијата Левица, но и со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.
WebOhrid / 07.10.2022