Протоколарна средба на градоначалникот Георгиески со бугарскиот амбасадор
Бугарскиот амбасадор во нашата земја, Ангел Ангелов, беше примен од в.д. градоначалникот Константин Георгиески. На средбата градоначалникот Георгиески го запозна со актуелностите и активностите на Општина Охрид, во пресрет на летната сезона.
На средбата беа потврдени добрите односи меѓу двете земји и подготвеноста за нивно продлабочувње и унапредување во сите области.