23/11/2024
Охрид

Прв работен состанок за подготовка на Локален еколошки акционен план за периодот 2019-2025

Денес  во Општина Охрид, се одржа првиот работен состанок на Локалниот Управен Комтет (ЛУК) за подготовка на Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП) за животна средина за Општина Охрид, за перидот 2019 – 2025 година. На состанокот беа претставени работните групи на ЛЕАП и методологијата за изработка на истиот.

Во изработката на планот ќе биде ангажирано Друштвото за консултантски услуги “ДЕКОНС – ЕМА“ ДООЕЛ Скопје, а во работните групи се вклучени претставници од бизнис секторот, општинската администрација и јавните претпријатија, научните и високо образовни институции и невладини организации.