Прва припадничка на АРМ, поставена за командир на механизирана пешадиска чета
Во првата механизирана пешадиска бригада за првпат должноста командир на една механизирана пешадиска чета ќе ја извршува припадник на Армијата на Република Македонија, од женскиот пол.
Со денешниот прием на должност командир на првата чета во првиот механизиран пешадиски баталјон (1/1.мпб), поручник Александра Бошковска стана прва припадничка, во 26 годишното постоење на АРМ, која ќе командува со една борбена единица.
На денешната воена церемонија поручник Александра, која досега извршуваше должност командир на вод, ја презеде должноста командир на 1/1мпб од мајор Милковски Синиша кој заминува на повисока должност во штабот на 1.мпб.
Поручник Александра Бошковска воена академија завршува 2014 година во Скопје, водот со кој командуваше и работеше 2016 година на одбележување ден на единицата а врз основ на критериумите и спроведените интерни процедури беше избран за најдобар вод во баталјонот на кој му беше предадено пехар и знаме за најдобра единица.
Во период од 20.04.2018 година до 11.05.2018 година поручник Александра Бошковска го предводи водот кој учествуваше на меѓународната теренска вежба „ЕФЕС 2018“ во Измир, Република Турција, за чие учество од страна на организаторот беа искажани пофални зборови.
Со церемонијалното преземање на знамето на четата, поручник Александра Бошковска се обврза дека должноста ќе ја извршува професионално и беспрекорно како и досегашната.