Првиот ден од настапот на Балканското првенство за сениори и ветерани проследен со многу успеси
Македонската сениорска карате репрезентација успешно го започна настапот на Балканско Првенство за сениори и ветерани што се одржува во Будва – Црна Гора каде настапија нашите репрезентативци.
На овој голем настан учество земаа 12 држави со 350 натпреварувачи каде на првиот ден од ова балканско првенсто се постигна следниве резултати:
- Михаела Мишовска во категорија -50 кг. го освои бронзениот медал
- Сара Дука во категорија -50 кг. го освои бронзениот медал
- Јована Мицовска во категорија -61 кг. го освои златниот медал
- Викторија Јовановска во категорија -61 кг. го освои сребрениот медал
- Магдалена Божиноска во категорија -61 кг. го освои бронзениот медал
- Ангела Мојсовска во категорија -68 кг. го освои бронзениот медал
Со тоа денешниот настап заврши, а утре следуваат борбите во машка и настапот во кати во женска конкуренција.