Прво место и благодарница за ученици од охридската Гимназија на Државниот рецитаторски натпревар
Диплома за освоено прво место на Александар Ковачески (IV-7) и благодарница за учество на Константина Крежеска (III-5) под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски на рецитаторскиот натпревар за средно образование за 2023 г. во рамките на државниот натпревар по Македонски јазик и литература кој се одржа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје во организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на Македонија.
Стиховите од „Бела тага на изворот“ – Ацо Шопов и „Во Шлегово куќа шимширова“ – Лидија Димковска звучеа совршено кога се изрецитирани од душата и грлото на нашите врвни рецитатори.
Александар Ковачески по двата круга беше најдобар меѓу средношколците во Македонија со најправилна употреба на јазичната норма, најемоционален израз, најумерена артикулација и најточно почитување на версификација.
Нека се нижат награди како ѓердан бисери од стихови интерпретирани од нашите рецитатори!




WebOhrid / 18.06.2023 / Гимназија ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид