22/11/2024
Охрид

Првото новороденче во Охрид во 2024 е машко

Во новата година првото новороденче во Охрид е здраво машко дете. Бебето е родено во 1 часот и 54 минути.

„Нека новата 2024 година биде плодна како што е плоден денешниот ден.

На одделението за гинекологија при Општата Болница Охрид, во текот на денешниот ден на свет дојдоја пет новороденчиња, додека шестото е на пат.

Традиционално, денеска, заедно со директорот на Општата Болница, Асен Шајн, како и дежурната екипа на гинеколошкото одделение ги посетивме сите новороденчиња и им даривме пригодни подароци.

Да бидат живи, здрави и среќни деца, а родителите горди на нивната принова, додека на дежурниот тим од гинеколошкото одделение им честитам за нивниот ангажман“, изјави градоначалникот Кирил Пецаков.