23/11/2024
Струга

Пукање со огнено оружје при семејна веселба во струшко Боровец

На 09.08.2019 година околу 23:30 часот, од неговиот дом во струшкото село Боровец, во полициска станица Струга, приведен е Н.С.(50). Тој, при семејна веселба, го нарушил јавниот ред и мир со неовластено пукање од огнено оружје пиштол, што легално го поседувал.

Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.