Пуштена во оптек кована пара за колекционерски цели „Близнаци“
НБРМ ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Близнаци“ од серијата „Хороскопски знаци“
Кована пара за колекционерски цели: „Близнаци“
Аверс:
На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Близнаци. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
Реверс:
На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на близнаци од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак близнаци и неговото соѕвездие, претставена на монетата, преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак близнаци. Во долниот дел е претставена златна слика на близнаци, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – GEMINI, а на левата страна, ознаката Ag 925.
Спецификација на монетата | |
Име на кованата пара | Близнаци |
Име на серијата ковани пари | Хороскопски знаци |
Номинална вредност | 100 денари |
Метал | сребро (Ag) 925 |
Тежина | 23,30 г |
Димензија, форма | 37 x 37 мм, квадратна форма |
Година на издавање | 2018 |
Цена | 2.800,00 денари |
Контакт | Зоран Милетиќ miletikz@nbrm.mk +389 2 3108 374 |
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: miletikz@nbrm.mk, или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.