Путин убедливо победил и е реизбран за претседател на Русија
Владимир Путин е реизбран убедливо за нов шестгодишен мандат на изборите за претседател на Русија, објави рускиот Центар за јавно мислење (VTsiOM). Податоците се врз база на анкети за излезноста, јави АФП.
Според Центарот, Путин добил 73,9 отсто од гласовите, според податоци од 1.200 избирачки места во Русија.
На второ место е кандидатот на комунистите Павел Грудинин со 11,2 отсто гласови. Ултранационалистот Владимир Жириновски е трет со 6,7 отсто гласови, а новинарката Ксенија Собчак е четврта со 2,3 отсто гласови.
По преброени 21,3 отсто од гласачките ливчиња, Путин води со 71,97 отсто. Втор е Грудинин со 15,9 отсто, Жириновски трет со 6,96 отсто гласови и Собчак четврта со 1,39 отсто гласови.
Според податоци на Централната изборна комисија од 18 часот по локално време избирачката активност била 59,97 отсто. Тоа е два часа пред затворањето на избирачките места во западна Русија.
Извор: www.libertas.mk